Елипса
Со користење на Прилагоди алатник, можете да додадете елипсовидна икона која го отвара алатникот Кругови и елипси.
Елипса
Црта пополнет овален објект каде што влечете во тековниот документ. Кликнете каде што сакате да се нацрта овалниот објект и влечете до саканата големина. За цртање на круг задржете Shift додека влечете.
![]()
Елипса
Круг
Црта пополнет круг каде што влечете во тековниот документ. Кликнете каде што сакате да се нацрта кругот и влечете до саканата големина. За цртање на елипса, задржете Shift додека влечете.
![]()
Круг
Елипсовидна пита
Црта пополнет облик кој е одреден со лакот на овалниот објект и две линии на радиус во тековниот документ. За цртање на елиптична пита, влечете го овалниот објект до саканата големина и потоа кликнете за одредување на првата линија на радиус. Преместете го курсорот каде што сакате да биде втората линија на радиус и кликнете. Не треба да кликате на овалниот објект. За цртање на кружна пита, задржете Shift додека влечете.
![]()
Елипсовидна пита
Кружна пита
Црта пополнет облик кој е одреден со лакот на кругот и две линии на радиус во тековниот документ. За цртање на кружна пита, влечете го кругот до саканата големина и кликнете за одредување на првата линија на радиус. Преместете го курсорот каде што сакате да биде втората линија на радиус и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на елиптчина пита, задржете Shift додека влечете.
![]()
Кружна пита
Дел од елипса
Црта пополнет облик кој е дефиниран од лакот на овалниот објект и линијата на дијаметар во тековниот документ. За цртање на елиптичен сегмент, влечете ја елипсата до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на линијата на дијаметар. Преместете го курсорот каде што сакате да биде крајот на линијата на дијаметар и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на елиптичен сегмент, задржете Shift додека влечете.
![]()
Дел од елипса
Дел од круг
Црта пополнет објект кој е одреден со лакот на кругот и линијата на дијаметар во тековниот документ. За цртање на кружен сегмент, влечете круг до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на линијата на дијаметар. Преместете го курсорот до каде што сакате да биде крајот на линијата на дијаметар и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на елиптичен сегмент, задржете Shift додека влечете.
![]()
Дел од круг
Елипса, неисполнета
Црта празен овален објект каде што влечете во тековниот документ. Кликнете каде што сакате да го нацртате овалниот објект и влечете до саканата големина. За цртање на круг, задржете Shift додека влечете.
![]()
Елипса, неисполнета
Круг, неисполнет
Црта празен круг каде што влечете во тековниот документ. Кликнете каде што сакате да го нацртате кругот и влечете до саканата големина. За цртање на елипса, задржете Shift додека влечете.
![]()
Круг, неисполнет
Елипсовидна пита, неисполнета
Црта празен облик кој е одреден со лак на овалниот објект и две линии на радиус во тековниот документ. За цртање на елиптична пита, влечете го овалниот објект до саканата големина и потоа кликнете за одредување на првата линија на радиус. Преместете го курсорот до каде што сакате да биде втората линија на радиус и кликнете. Не треба да кликате на овалниот објект. За цртање на кружна пита, задржете Shift додека влечете.
![]()
Елипсовидна пита, неисполнета
Кружна пита, неисполнета
Црта празен облик кој е одреден со лакот на кругот и две линии на радиус во тековниот документ. За цртање на кружна пита, влечете го кругот до саканата големина и потоа кликнете за одредување на првата линија на радиус. Преместете го курсорот до каде што сакате да биде втората линија на радиус и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на елиптична пита, задржете Shift додека влечете.
![]()
Кружна пита, неисполнета
Дел од елипса, неисполнет
Црта празен облик кој е дефиниран од лакот на овалниот објект и линијата на дијаметар во тековниот документ. За цртање на елиптичен сегмент, влечете ја елипсата до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на линијата на дијаметар. Преместете го курсорот каде што сакате да биде крајот на линијата на дијаметар и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на кружен сегмент, задржете Shift додека влечете.
![]()
Дел од елипса, неисполнет
Дел од круг, неисполнет
Црта празен облик кој е дефиниран од лакот на кругот и линија на дијаметар во тековниот документ. За цртање на кружен сегмент, влечете круг до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на линијата на дијаметар. Преместете го курсорот каде што сакате да биде крајот на линијата на дијаметар и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање сегмент кој е базиран на елипса, задржете Shift додека влечете.
![]()
Дел од круг, неисполнет
Лак
Црта лак во тековниот документ. За цртање на лак, влечете овален објект до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на лакот. Преместете го курсорот каде што сакате да биде крајот и кликнете. Не треба да кликате на овалниот објект. За цртање на лак кој е базиран на круг, задржете Shift додека влечете.
![]()
Лак
Кружен лак
Црта лак кој е базиран на круг во тековниот документ. За цртање на лак, влечете круг до саканата големина и потоа кликнете за одредување на почетокот на лакот. Преместете го курсорот каде што сакате да биде крајот и кликнете. Не треба да кликате на кругот. За цртање на лак кој е базиран на елипса, задржете Shift додека влечете.
![]()
Кружен лак